По хрватскиот голман Дино Славиќ и унгарскиот десен бек Доминик Мате, ГРК Охрид го промовираше и третиот нов играч за следната сезона.
Македонски ракометар доаѓа во Охрид на позицијата среден бек, Мартин Карапалевски. Тој тековнава сезона игра за екипата на Ваљадолид од Шпанија, а претходно во македонската Суперлига го носеше дресот на Вардар.
Македонскиот повремен репрезентативец потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028. Игра на позицијата среден бек, има 26 години (178 cm) и ќе го носи дресот со бр.11 следната сезона.
Доаѓа од шпанското првенство и одличните настапи за тимот на Ваљадолид по 2 сезони, а пред тоа го носеше дресот на РК Вардар 1961.
"Се радувам што ќе бидам дел од ГРК Охрид, клуб кој расте од година во година. Уште од првите разговори ми се допадна идејата и проектот по кој клубот сака да се движи во наредните години. Со нетрпение чекам да настапам пред охридската публика и верувам дека заедно ќе се радуваме и ќе ги исполниме целите на клубот." - изјави Карапалевски.