ГРК Охрид утре ќе игра за историја

ГРК Охрид утре ќе го игра реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп против словенечкиот тим Целје Пивоварна Лашко. Словенците минимално победија на првиот меч, што значи дека Охрид со победа од еден гол разлика без оглед на дадени-примени голови ќе обезбеди пенали, а со победа повисока од еден гол разлика ќе се пласира во финалето на ЕХФ Европскиот Куп. 
Салата е распродадена и ќе биде играч плус за ГРК Охрид кој одржа и прес конференција  пред овој натпревар. 

„Нѐ очекува тежок натпревар. Можам да кажам со најталентираната екипа во Европа имаат четири пет играчи што веќе имаат понуди од екипи што играат во Лигата на шампионите. Десното крило оди во Нант, средниот бек во Динамо, Анжиќ го бараат пет шест екипи.
Сите момци едвај чекаат да истрчаат на терен и да ја почувствуваат енергијата од трибините. Охридската публика ќе покаже дека може подобро од тоа што нивните навивачи го правеа во Целје и тоа може да биде клучно за развојот на овој натпревар. 
Резултатски на првиот меч го спуштивме Целје на 27 гола што е 'невозможно', тие цела сезона се преку 30-35 гола. Ако го повториме тоа, сигурно ќе постигнеме повеќе голови и ќе се пласираме во финалето. 
Не се сите играчи здрави, имаме проблеми. Не кажувам за кого се работи, но сите ќе стиснат заби.
Заедно со публиката пишуваме историја и се надевам дека атмосферата ќе биде на нивото, а ние ќе се оддолжиме на теренот“, истакна тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ.

Натпреварот ќе се игра утре во салата „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 19:00 часот. 
 

Поврзани вести