Талески го чека Охрид во финале

Унгарската екипа Татабања за која настапува и македонскиот репрезентативец Филип Талески е првиот финалист на ЕХФ Европскиот Куп. 
Татабања уште еднаш одигра толку колку што и требаше и во полуфиналето го елиминираше тимот на Извиѓач од БиХ. Извиѓач по првиот меч имаше предност од два гола (33-31), а во текот на првото полувреме во Унгарија водеше и со четири гола разлика (15-11). 
Но, како и во 1/4 финалето со турската Бурса, така и сега со Извиѓач, Татабања полека го зголемуваше притисокот врз противникот, на полувреме веќе имаше минимално водство, а во последната минута за прв пат на натпреварот поведе со четири гола разлика (37-33). Конечниот резултат е 37-34 за Татабања и тие се веќе во финалето на ЕХФ Европскиот Куп. 
Филип Талески играше повеќе во одбрана, а постигна еден гол натпреварот.

Вториот финалист ќе биде познат денеска откако во Охрид реванш мечот ќе го одиграат екипите на ГРК Охрид и Целје Пивоварна Лашко. 

Поврзани вести