Прилеп се засили со пикер од Струга

Фото: РК Прилеп

Екипата на РК Прилеп следната сезона ќе биде подобро екипирана на линијата, затоа што во нивните редови се сели Петар Маркоски, стружанец кој досега играше за Еурофарм Пелистер 2. 

Со големо задоволство го претставуваме нашето ново засилување на пикерската позиција – Петар Маркоски!
28-годишниот ракометар од Струга во нашиот тим доаѓа од редовите на РК Еурофарм Пелистер 2, носејќи со себе искуство, сила и борбеност на линијата од 6 метри.
Маркоски стави потпис на договор со времетраење од 2 години, со што ќе биде важен дел од нашата екипа во наредниот период. Очекуваме цврста игра во одбраната, сигурна реализација во нападот и вистинска енергија на теренот!

Поврзани вести