Селекторот на Романија суспендиран поради допинг

Селекторот на Романија, Георге Буричеа, оди од проблем во проблем. Неговата репрезентација сензационално беше елиминирана во првиот бараж за СП од Турција, а сега и самиот селектор заработи суспензија од Националната анти-допинг агенција (АНАД). 

Според АНАД, репрезентативецот Разван Триф, примил инфузија поголема од 100мл за време на тренинг кампот, а тоа е метод што е забранет надвор од болница. 
Третманот го извршиле надворешни соработници, кои иако биле професионалци, токму тоа довело до суспензија на Буричеа. 

Георге Буричеа демантира намерно прекршување на правилата. Тој изјавил дека единственото што го сторил е тоа што побарал медицинска помош за играч што имал висока температура, кога докторот на репрезентацијата не бил присутен и дека единственото што играчот го примил се витамини за да му се подобри состојбата. 


 

Поврзани вести