Вардар ќе биде комплетен за реваншот со Монпеље

Екипата на РК Вардар 1961 се наоѓа пред голема, тешко изводлива задача. Црвено-црните имаат негатива од 10 гола од првиот натпревар со францускиот Монпеље во 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига и доколку не победат со најмалку 11 гола разлика – ќе бидат елиминирани.

Разлика што е актуелна, Монпеље ја достигна најмногу благодарение на некомплетноста на РК Вардар 1961. Утре е на програмата реванш натпреварот, а Вардар 1961 би требало да биде комплетен.
Така најави тренерот Иван Чупиќ на прес конференцијата пред натпреварот.

Димитро Хориха и Јака Малус ќе бидат во тимот и ќе помогнат толку колку што ќе можат. Двајцата пропуштија тренинзи и тоа може да се одрази на нивната игра, но ќе пружат колку што ќе можат.
Натпреварот ќе се игра со почеток од 20:45 часот со салата „Јане Сандански“.

 

Поврзани вести