Photo
© Steindy CC BY-SA 3.0
Француската легенда, Седрик Сориндо ја завршува играчката кариера како ракометар на Бешикташ и се враќа назад во Романија, каде што во екипата на Динамо Букурешт ќе биде тим менаџер.
Сориндо ќе координира сѐ што се случува во ракометната секција и ќе биде врската на клубот со Ракометната федерција на Романија.
Поранешниот голман Давид Баруфет, тренерот Маноло Кадењас, бекот Матео Гаралда и крилата Алберт Рокас и Рафаел Гихоса се петте нови членови на Куќата на славните на шпанскиот Асобал. Десет кандидати беа номинирани за петте места, а меѓу нив беа и Ласло Наѓ и Раул Гонзалез.
Со победата над Порто (36-29) екипата на Спортинг Лисабон ја освои третата шампионска титула во Португалија по ред, 23-та во клупската историја.
Доминацијата на Спортинг во домашниот шампионат е тесно поврзана со ангажманот на браќата Кошта во екипата каде што тренер е нивниот татко кој ги вкомпонира синовите заедно со Салвадор Салвадор, Антонио Ареја итн. Летово ќе биде најголемиот предизвик, а тоа е да ги задржи во тимот покрај бројните понуди што се пишуваат и со седум цифри.
Екипата на Динамо Букурешт е старо-новиот шампион на Романија. Со последната победа над Бузау, екипата на Динамо стана недостижна и следната сезона одново ќе игра во Лигата на шампионите. Голманот Владимир Цупара, патем, го официјализираше своето заминување од Букурешт.
Хрватскиот тренер Хрвоје Хорват од лични причини ќе го напушти тимот на Кадетен Шафхаузен летово. Швајцарскиот клуб, пак, не губеше време, најде замена и веќе го промовираше новиот тренер. Улогата ќе му биде доделена на Јонас Виле, досегашниот селектор на машката репрезентација на Норвешка.