ТВ ПРЕНОС: Вардар - Монпеље, Алкалоид - Охрид...

Македонско дерби во кое ќе се сретнат актуелниот шампион на ЕХФ Куп и годинешниот финалист на ЕХФ Куп, екипите на РК Алкалоид и ГРК Охрид ќе го отвори денешниот богат со ТВ преноси ракометен ден.
Македонските екипи што го одбележуваат ова европско натпреварување ќе ги одмерат последен пат силите во македонското првенство на меч во „Автокоманда“. 
Охриѓани сезонава одат по патот што минатата година го изоде Алкалоид и стигнаа до најтешката, финалната етапа, каде што се згуснува календарот на натпреварувње, расте силата на противниците и се зголемува важноста на натпреварите. Алкалоид исто така не го избегна данокот на крајот на сезоната. Алкалоид не игра во Европа, но има многу повеќе репрезентативци со што се пресекува работата во клубот, а и веќе извесно време настапува без тројцата важни бекови. 
Оваа средба ќе се игра во Авткоманда со почеток од 18:00 часот. 

Два часа и 45 минути по стартот на дуелот во Автокоманда, во салата „Јане Сандански“ ќе се игра реванш натпреварот од 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига меѓу Вардар и Монпеље. Таму идниот македонски првак Вардар 1961 ќе се сретне со екипата на Монпеље во тешката мисија да надополни 10 гола разлика од првиот натпревар. 

Попладнево и вечерва ќе се играат и другите три меча од 1/4 финалето на ЕХФ Европската лига, шп што ќе биде комплетирана четворката што ќе го формира Фајналфор на ЕХФ Европската лига. 
Сите натпревари од ЕХФ Европската лига ќе бидат пренесувани на Арена каналите, а дуелите од Македонија ќе бидат пренесувани и на МРТ - 3. 


ТВ ПРЕНОС
СУПЕРЛИГА
18:00  РК АЛКАЛОИД - ГРК ОХРИД  (МРТ -3)

ЕХФ ЕВРОПСКА ЛИГА
18:45  ХАНОВЕР - ФЛЕНЗБУРГ (ТВ АРЕНА СПОРТ 5 ПРЕМИУМ)
20:45  ВАРДАР 1961 - МОНПЕЉЕ (МРТ - 3, ТВ АРЕНА СПОРТ 4 ПРЕМИУМ)
20:45  КИЛ - НЕКСЕ (ТВ АРЕНА СПОРТ 1)
20:45  ПОРТО - МЕЛЗУНГЕН (ТВ АРЕНА СПОРТ 5 ПРЕМИУМ)
 

Поврзани вести