Охрид го покани Веспрем на турнирот

ГРК Охрид ја игра својата сезона од соништата, а откако го почувствуваа вкусот на успехот, растат и амбициите и апетитот. 
Охрид сосема коректно организира летен турнир. Локацијата е атрактивна, доаѓаат и доста познати имиња, но првиот човек на градот, градоначалникот Кирил Пецаков сака уште еден чекор напред во тој поглед. Па својата посета на Унгарија ја искористи и за средба со претседателот на европскиот гиганг - Веспрем. 

„Упатив официјална покана до РК Веспрем да бидат дел од нашиот традиционален ракометен турнир во Охрид и верувам дека од следната година нашиот турнир ќе биде побогат за уште едно големо име во светот на спортот“, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на својот профил на социјален медиум.

Поврзани вести