Европска лига: Кил оди на Монпеље, Мелзунген на Флензбург

Денеска со ждрепка беа одредени полуфиналните парови од ЕХФ Европската лига. Фајналфор ќе се игра во Германија, во Хамбург на 30 и 31 мај. Лотаријата одлучи во полуфиналето да се сретнат Монпеље и Кил, односно Флензбург и Мелзунген. Исто како и лани.

Годинава, победникот на ЕХФ Европската лига ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, доколку тоа не му појде од рака од домашното првенство.

Тоа е голем мотив за Монпеље и Кил кои нема да бидат во ЛШ доколку не ја освојат ЕХФ Европската лига. Епски дуел имајќи ја предвид нивната понова историја. Трет пат по ред се среќаваат во елиминации. Лани на Ф4 беше подобар Монпеље, пред две години во ЛШ беше подобар Кил.
Истото важи и за Мелзунген, а единствено Флензбург може преку Бундеслигата да влезе во ЛШ. Но, ако Флензбург биде трет во Германија, а Кил или Мелзунген ја освојат Европската лига, тогаш Флензбург би го загубил местото во ЛШ, затоа што само три екипи од една држава можат да играат во ЛШ.



 

Поврзани вести