-
09.5.2026
-
Планета ракомет
Меѓународната (Светската) ракометна федерација, ИХФ, официјално се пресели во својата нова зграда во Базел, Швајцарија. ИХФ купи, реновираше и прилагоди за свои потреби згада од шест ката со вкупна површина од околу 5.000 м2.
Најголемиот дел се канцеларии, службени простории, има сопствен ресторан, простории за состаноци и сѐ што треба да има зграда чија вредност преминува 300 милиони евра.
Оваа зграда што не е изнајмена туку е сопственост на ИХФ, е потврда плус дека ИХФ добро знае да ги менаџира своите потреби и паметно инвестира.
Француската ѕвезда Том Пелајо, по само една сезона мината во Динамо Букурешт, се враќа назад во Франција и следната сезона ќе игра за екипата на Лимож.
Утре во Виена, ќе се одржи ждрепката за Фајналфор турнирот на Лигата на шампионите што на 12/13 јуни ќе се игра во Келн. Учесници годинава се екипите на Барса, Магдебург, Алборг и Фуксе Берлин.
Капитенот на репрезентацијата на Турција, Дорук Пеливан, следната сезона ќе игра во Германија, во екипата на Вецлар. Бундеслигашкиот клуб го потврди трансферот и информираше дека од тимот си одат хрватскиот бек Филип Вистороп и домашниот Јустин Милер.
Португалскиот пивот Виктор Итуриза се враќа во Европа по едносезонски претстој во Кувајт. Итуриза ќе игра за екипата на Динамо Букурешт со која потпиша двегодишен договор.
Поврзани вести