-
11.5.2026
-
Планета ракомет
Photo: Hoj Elite
Данскиот клуб Хој Елите ќе остане запаметен како вечен пример дека на терен не играат имиња туку тим. Овој прилично скап проект требаше да биде новиот скандинавски дрим тим. Клуб што ќе застане рамо со рамо со Алборг и ГОГ итн.
Но, не им било така „пишано“.
Ветуваа многу: Од Вецлар дојде голманот Тил Климпке, од Пик Сегед голманот Емил Имсгард, од екипата на Бергишер пристигнaа Линус Арнесон и Симен Сонингсен, Хампус Ване дојде од Барса, од Магдебург пристигна Михаел Дамгард, таму веќе беше легендарниот Ханс Линдберг...
И, испаднаа од Лигата!
Цела сезона беа во долниот дел на табелата, за на крајот да играат бараж со Колдинг, клуб што по 40 години во елитата, лани испадна во понизок ранг. Се играше во две добиени, на првиот меч Хој победи со девет гола разлика, но ги загуби следните две и испадна во понизок ранг.
Тука приказната не завршува. Хој Елит за следната сезона имаше големи играчки планови и веќе ги има договорено Ласе Андерсон од Фуксе Берлин и голманот Јаник Грин од ПСЖ. Мошне веројатно од овие трансфери нема да има ништо, а прв што трие раце е Берлин кој се пишмани со статусот на Ласе Андерсон и почна преговори за негово останување. За Јаник Грин, пак, се зборува дека се заинтересирал Раул Гонзалез и сака да го види во Партизан.
Поврзани вести