-
10.5.2026
-
Македонски ракомет
Следната недела ќе биде резервирана за најдобрите машки национални тимови од Европа. Десет слободни места, 20 репрезентации во игра за нив. Главната награда е пласман на јубилејното 30 Светско првенство. Домаќин е најракометната земја - Германија.
Со оглед на нивото на кое ги организираат натпреварите во Бундеслигата, Фајналфор на ЛШ и ЕХФ Европската лига како и ЕП 2024, нема сомнеж дека тоа СП ќе биде едно од најдоброорганизираните.
Дополнителен жар на ова СП е можноста да се избори пласман на Олимписките игри или во Квалификациите за Олимписките игри.
Големата сцена се подготвува, а недостасуваат единствено квалификантите од Европа и вајлд картите на ИХФ.
Македонија заедно со 19 други репрезентации ќе игра во последното сито. Противникот е Словачка, репрезентација за која слободно можеме да кажеме дека е една од најпосакуваните што можевме да ги добиеме во ждрепката. Тоа само посебе не значи дека работата е завршена. Македонија нема луксуз никого да потценува. Ако некого потцени, тој може да стане голем проблем. Минатото е полно со примери, последно, ланската лекција во Литванија.
Неколку силни екипи, немаа среќа каква што имаше Македонија. Веројатно најинтересниот таков двомеч е дуелот меѓу Србија и Унгарија. Потоа Полска и Австрија.
Најмалерозно мина Чешка која за противник ја доби Франција и Турција која за противник ја доби Норвешка. Во оваа група спаѓа и Израел. Тие ќе играат со Шпанија, но нивниот двомеч ќе биде историски затоа што ќе се игра во Буенос Аирес, Аргентина.
СП 2027
Пласирани репрезентации:
Германија, Данска, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска
Бразил, Аргентина, Уругвај, Чиле
САД
Египет, Тунис, Алжир, Ангола, Капе Верде
Бахреин, Јапонија, Кувајт, Катар
Вајлд карти: ?
БАРАЖ ЗА СП 2027
Словачка - Македонија
Србија - Унгарија
Ц. Гора - Словенија
Норвешка - Турција
Австрија - Полска
Грција - Холандија
Швајцарија - Италија
Чешка - Франција
БиХ - Ф. Острови
Шпанија - Израел
Поврзани вести