Е. Пелистер донесе десно крило

Првиот нов ракометар што македонскиот клуб Еурофарм Пелистер го промовираше откако за тренер на тимот беше назначен Лино Червар, доаѓа од БиХ.
Едвин Џелиовиќ ќе го замени Богдан Радивојевиќ на позицијата десно крило. Тој е досегашен играч на Извиѓач, полуфиналист од оваа и од минатата година во ЕХФ Европскиот Куп.

Талентот и квалитетот е неспорен, затоа патиштата ни се спојуваат. Босанскиот интернационалец Едвин Џелиловиќ е нов член на Еурофарм Пелистер. 23-годишното десно крило од Тузла потпиша тригодишен договор со Еурофарм Пелистер и доаѓа во најракометниот град со големи очекувања.
Џелиловиќ ја надмина средината и со серија на титули со Извиѓач ќе пристигне во Македонија. Покрај за овој клуб кој доминира во шампионатот на БиХ, Џелиловиќ го носеше дресот и на Грачаница. Висок е 189 сантиметри и тежок 81 килограми, а во поселдните години остави траги играјќи во Европската лига и ЕХФ Европскиот Куп.

Поврзани вести