ТОП ВЕСТИ: Симонет објави крај, Севиља прв пат на ракометна мапа...


Српскиот ракометар Богдан Радивојевиќ ќе биде ново засилување на турскиот клуб Бешикташ. Радивојевиќ во моментов ја игра последната од трите сезони во дресот на битолскиот Еурофарм Пелистер.

Најдобриот аргентински ракометар, Диего Симонет, објави дека ја игра последната сезона во кариерата. Симонет последниве 13 години настапува за францускиот клуб Монпеље и имавме можност неодамна да го видиме и на два дуела со РК Вардар 1961.
Тој на почетокот на сезонава објави крај на репрезентативната кариера, а сега доаѓа и комплетно повлекување од активно играње.

Екипата на Келце е на добар пат да остане без францускиот репрезентативец Дилан Наи. Крилниот ракометар заминува најверојатно во екипата на Пари Сен Жермен. Прашањето е само дали комплетно ќе го одрабти договорот со Келце, актуелен и за следната сезона.

Поранешната ѕвезда на Гранољерс, ПСЖ, Барса... Антонио Гарсија Робледо, по една година како асистент, следната сезона ќе ја почне како прв тренер. Тој ќе ја води екипата на Кахасол, првиот тим од градот Севиља што воопшто ќе заигра во АСОБАЛ лигата.

Антонио Карлос Ортега и Барса ги договараат последните детали за нов долгогодишен договор. Тој е тренер на Барса од 2021, а актуелниот договор му истекува во летото 2027 година.

 

Поврзани вести