Алкалоид е пионерски првак на Македонија

Екипата на Алкалоид е новиот пионерски првак на Македонија. Младите ракометари предводени од тренерот Дарко Петровски денеска беа најдобриот тим на Фајналфор турнирот што се играше во скопската сала „Автокоманда“.
Алкалоид во полуфиналето беше подобар од екипата на Мулти Есенс и славеше победа од 24:20. Во другиот полуфинален меч, екипата на ГРК Охрид го совлада тимот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 14-13.
Во мечот за третото место, екипата на Мулти Есен беше подобар од тимот на Еурофарм Пелистер 2 со резултат 26:22, а во големото финале се сретнаа ланскиот првак ГРК Охрид и годинешниот предизвикувач Алкалоид.
Алкалоид беше подобриот тим во финалето и победи со резултат 28-20 со што стана нов државен првак во пионерска конкуренција.
Ова е првиот пехар што годинава во младинска категорија е освоен во Автокоманда, но нема да биде последен. Младинскиот тим на Мулти Есенс на четири кола до крајот на првенството веќе математички е старо-нов првак, а и во кадетска конкуренција ќе играат за шампионски пехар.


 

Поврзани вести