Пилиповиќ оди на позајмица

Photo: GRK Ohrid

Засега официјално непотврдено, голманот на ГРК Охрид, Кристијан Пилиповиќ би можел краткорочно да заигра за клуб од Блискиот исток. Ако се реализира трансферот, Пилиповиќ би требало да биде соиграч на Димитро Хориха во екипата на Ал Калеј од Саудиска Арабија. 
На почетокот на јуни во Кувајт ќе се игра Азиски шампионат, а во тек е трансфер грозница која на исток ќе однесе доста познати имиња. 
Освен Хориха и Пилиповиќ, трансфер реализира и Игор Турченко кој ќе оди во Ал Араби, се зборува дека хрватскиот голман на Бешикташ, Матеј Ашањин да оди на Блискиот исток, а очекуваме и други играчи, вклучено со ракометари од македонската Суперлига исто така да направат краткорочек трансфер. 

Поврзани вести