Сите во сала за прослава на пласманот на СП

Македонската репрезентација е пред пласман на уште едно Светско првенство. Десетто за Макеоднија, осмо пред за нашиот најдобар ракометен тим. Следниот мундијал е и јубилеен, вкупно 30 Светско првенство што се одржува под капата на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ). Точно 88 години откако во 1938 Германија го организираше првото Светско првенство, одново Германија ќе биде домаќин на Светско првенство. Тоа ќе биде седми пат вклучувајќи ги поранешните Источна и Западна Германија тие да организираат Светско првенство во ракомет.

Македонија има предност од седум гола остварени на гостински терен пред две дена над Словачка и за ново учество потребно да ја одбрани оваа позитивна разлика.
Не се сомневаме во конечниот успех, но на македонските ракометари и овој пат им е потребна поддршката од трибините за да се одржи хемијата со публиката и да се зацврсти врската меѓу најуспешниот спортски колектив и јавноста и заедно да се прослави уште еден меѓународен успех на тимот.

Ракометната федерација на Македонија утре ќе организира пладневна програма за гледачите пред салата „Борис Трајковски“. Предвидена е фан зона во која ќе има реквизити и содржини за забава што ќе почне од 14 часот и ќе кулминира со натпреварот кој ќе почне во 19:00 часот.

Поврзани вести