Топ вести: Шесто засилување за Е. Пелистер? Цвијиќ кажа крај...

Ракометните медиуми во Словенија шпекулираат со можноста уште еден ракометар што игра во шампионатот на Словенија да дојде да игра во екипата на Еурофарм Пелистер следната сезона.
Се работи за ракометарот Омер Мехмедовиќ од екипата на Рибница. Тој од од БиХ и игра на позицијата централен бек/лев бек. Во словенечката Рибница игра една сезона, претходно настапуваше за автрискиот тим Барнбах.

Екипата на Хој Елит стана феномен во европскиот ракомет. Овој клуб прво „успеа“ да испадне од Лига откако купи неколку врвни играчи, потоа успеа да ги убеди репрезентативците на Данска, Јаник Грин и Ласе Андерсон да играат за нив во Втората лига, а сега спремаат и уште еден голем трансфер. Имено, шведскиот ас Јим Готфридсон би можел да биде нивни нов ракометар!

Поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Драгана Цвијиќ, со поголема објава на своите профили на социјалните медиуми официјализираше дека ја одиграла последната сезона во кариерата. Следната сезона, Драгана Цвијиќ ќе се обиде како тренер.

Левото крило Робин Молнар е првиот ракометар што (официјално) заминува од екипата на Веспрем. Тој дојде минатата година по долга рехабилитација од повреда и потоа си го бараше местото во тимот. Веспрем и не е незадоволен од неговиот ангажман, но ќе бараат подобро решение.

Поврзани вести