Нов Словенец доаѓа во Е. Пелистер

РК Еурофарм Пелистер петто засилување за следната сезона. Се работи за млад сѐ уште не афирмиран ракометар кој ќе дојде од Словенија. Малик Татар, ракометар што ќе треба да помогне на позицијата лев бек каде што сѐ уште не е решено главното прашање – дали ќе остане Филип Кузмановски.

Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер.
Се работи за словенечки потенцијал, со проекција за голема кариера и сигурен напредок. Тој е роден во Целје, се афирмира во Горење Велење, а ги мина и сите младински категории на словенечката репрезентација. Татар се обврза на двегодишен договор со нашиот клуб и ќе биде претставен на почетокот на подготовките за следната сезона.
Татар е петто засилување за тимот на Лино Червар за сезоната 2025/26 по Котар, Серафимов, Белистојаноски и Џелиловиќ.

Поврзани вести