Бјарки Елисон си оди од Веспрем

Photo: By Sven Mandel - Own work, CC BY-SA 4.0

Бјарки Мар Елисон, ракометарот кој пред четири години пристигна во Веспрем за да го замени македонскиот ракометар Дејан Манасков, по истекот на четиригодишниот договор, заминува од екипата.
Елисон има 36 години, а повеќе од 20 години е на ракометните терени. Девет години играше во Бундеслигата, во екипите на Ајзенах, Берлин и Лемго пред да пристигне во Веспрем.
Веспрем одлуката да не го продолжи договорот со Бјарки Мар Елисон ја донесе затоа што планира следната сезона поголема минутажа и шанса да му даде на 19 годишниот Мате Ганц-Пето, играч од нивната академија. Тој заедно со Иго Деска ќе бидат левите крила на Веспрем, откако клубот му се заблагодари и на Робин Молнар.


 

Поврзани вести