Тројца играчи си заминуваат од Алкалоид

Тројца ракометари денеска се поздравија со екипата на Алкалоид и во следната сезона веќе нема да бидат дел од играчкиот ростер на првиот тим во Автокоманда.

Никола Маркоски, Мартин Ивановски и Кристијан Симоноски нема да бидат дел од Алкалоид следната сезона. Тие денеска пред почетокот на натпреварот со РК Бутел Скопје добија благодарници од клубот и се поздравија со домашната публика и соиграчите.
Тројцата ракометари оставија трага во клубот и ќе останат запаметени како играчи што придонеле за првите освоени пехари во македонската Суперлига и првиот освоен пехар во ЕХФ Европскиот Куп.






 

Поврзани вести