Магдебург носи капиталец во тимот

Photo: IHF

Актуелниот европски првак и нов германски шампион, тимот на Магдебург, се договорил со францускиот репрезентативец Тибо Брие од екипата на Нант, објавија денеска германските медиуми.
Францускиот бек кој игра во два правца ќе го замени исландскиот ас Елвар Орн Јонсон кој пат заминува во екипата на Рајн Некар Ловен.
Овој трансфер го става во неповолна ситуација Нант од каде што покрај Тибо Брие ќе заминат и Жилиен Бос (Келце), Омерик Мин (Флензбург), Шиучи Јошида (Охрид), Валеро Ривера (крај на кариера).

Поврзани вести