ТОП ВЕСТИ: Рекорд на Гидсел, ПСЖ не го доби Норвежанецот...

Украинскиот пивот Александер Онифриенко, ракометар кој играше против ГРК Охрид во полуфиналето на ЕХФ Европскиот Куп како играч на Целје, заминува од Словенија. Неговиот нов клуб е францускиот Шарт.

Екипата на ЖРК Војводина каде што тренер сезонава е Андријана Будимир имаше успешна сезона и стана прват на Првата лига со што се здоби со право следната сезона да се натпреварува во најсилната конкуренција.

Женската екипа на Атлетико Гуардес од Шпанија е победник на ЕХФ Европскиот Куп. Во финалето, славеа две победи над словачката екипа Михаловце.

Словенечкиот пивот Лан Грбич е нов ракометар на романскиот шампион Динамо Букурешт. Тој доаѓа во романската екипа од редовите на Тримо Требње.

Матис Хеис, 20 годишниот пивот на европскиот првак Магдебург би можел следната сезона да стане ракометар на словенечкиот тим Целје Пивоварна Лашко.

Подзаборавениот француски ас Николас Клер (38) и бразилскиот играч Леандро Алвеш станаа привремени ракометари на кувајтскиот клуб Ал Шерјах за следната сезона.

Ништо од трансферот на норвешкиот десен бек Магнус Род од Пик Сегед во ПСЖ. Тој потпиша нов едногодишен договор со Сегед и ќе остане таму до крајот на сезоната 26/27.

Норвешкиот шампион Колстад, следната сезона ќе ја почне со минус два бода. Оваа одлука е донесена поради нивното негативно салдо на крајот на сезоната. Овој клуб минативе три сезони генерираше минус од 1 милион евра.

Матијас Гидсел го поправи рекордот на постигнати голови од игра во една сезона во Бундеслигата. Сезонава постигна 276 гола што е нов рекорд, а има и уште два натпревари за уште повеќе да го подобри. Претходниот рекорд од 275 гола, исто така беше негов.










 

Поврзани вести