Прилепски кадети на калење во Германија

Фото: РК Прилеп

Двајца кадетски ракометари на екипата на РК Прилеп следната сезона ќе се калат во Германија. Прилепското дуо ќе се развива во екипата на МТВ Либек, член на Регионалната лига – Север. Прилеп денеска го официјализираше нивното испраќање за Германија.

Нашите ракометари Бојан Наскоски и Марко Ивчев се испратени на позајмица во германскиот клуб MTV Lübeck, каде што ќе имаат можност за дополнителен развој и меѓународно искуство. Им посакуваме многу успех, добра форма и одлични настапи во новата средина!

Поврзани вести