ВЕСТИ: Расте цената на Талант, Динамо откупи Словенец...

Creativecommons/Wikimedia 

Словенечкото десно крило Гал Маргуч веројатно ќе го замени тимот на Слован и ќе се пресели во Брест, Белорусија каде што ќе настапува за подзаборавениот Мешков Брест.

За тренерските услуги на Талант Душебаев наводно се заинтересирани неколку врвни екипи, а меѓу имињата што се споменуваат се и гигантите Кил и Веспрем.

Динамо Букурешт го откупи договорот на ракометарот Андраж Макуц од Целје Пивоварна Лашко. Неофицијално сумата е 150.000 евра.

Фуксе Берлин го ангажираше 20 годишниот бек на австрискиот Линц и младински репрезентативец Клеменс Мостл (фото). Тој доаѓа во Берлин, но веднаш ќе оди на позајмица во Потсдам. Toj e полубрат на Константин Мостл, репрезентативниот голман на Австрија кој во моментов брани во германскиот Лемго.

Поврзани вести