Искусен судиски пар означи крај на кариерата

Судискиот пар од Прилеп, Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески по 27 години минати на терените, период во кој делеле ракометна правда на повеќе од 900 натпревари, ја завршија судиската кариера. Судиската фела во која и така недостасуваат судии, останува без услугите на уште еден искусен пар и ќе треба да наоѓа начини да ја пополни и оваа празнина.

„Ракометот ми даде многу пријателства, искуства, емоции и незаборавни моменти. Ќе останам засекогаш посветен на овој спорт во кој ја оставив својата душа“, напиша во емотивната порака што потоа ја сподели на социјалните мрежи досегашниот ракометен судија Рубинчо Седлоски.






 

Поврзани вести