Нов десен бек е можна опција за Е. Пелистер

Екипата на Е. Пелистер продолжува со комбинирање и формирање на екипата за следната сезона, прва под команда на Лино Червар од кого се очекува да го репрограмира функционирањето на клубот, заедно со формирање на играчки ростер по негов вкус.
Тоа нема да биде процес од денеска за утре, но веќе почнаа да доаѓаат и ракометари кои засега не се звучни, но имаат потенцијал.
По Џелиловиќ, Татар и Мехмедовиќ, во ракометните форуми и на социјалните мрежи се споменува уште едно име – десниот бек на Извиѓач, Филип Одак. Шпекулациите за неговото доаѓање имаат основ, но дали ќе биде реализирано или ќе остане само на најава ќе покаже времето.

Поврзани вести