Узунчев пред трансфер во Целје

Photo: IHF

Младиот македонски ракометар, Димитар Узунчев е пред трансфер во екипата на Целје Пивоварна Лашко, повеќекратен шампион на Словенија и поранешен европски првак.
Димитар Узунчев е ракометар кој од екипата на Партизан Гевгелија беше селектиран од Алкалоид, заедно со неговиот постар брат Тодор.
Двајцата пристигнаа во Автокоманда на почетокот на скопскиот проект, а потоа продолжија во Мулти Есенс од каде што беа испратени на позајмица во екипата на Бутел Скопје.
Сега леворакиот Димитар е цел на словенечкиот тим и доколку се реализира трансферот, ќе стане уште една опција за репрезентацијата во која беше еден од главните играчи во младинските категории.

Поврзани вести