Кукуловски се сели во Металопластика

Фото: ГРК Охрид

Дејан Кукуловски, македонскиот ракометар кој настапува за екипата на ГРК Охрид, следната сезона ќе биде дел од некогашниот европски гигант, екипата на Металопластика од Шабац.
За Кукуловски ова нема да биде прв меѓународен трансфер, тој веќе има настапувано надвор од Македонија, во Чешка, а во македонската Суперлига освен за екипата на Охрид има играно и за Е. Пелистер 2, Вардар и Вардар Јуниор.
Екипата на Металопластика минатата сезона заврши на петтото место и не обезбеди пласман во Плејоф, но најавите се дека клубот финансиски се стабилизира и дека следната сезона ќе биде поконкурентен од актуелнава.

Поврзани вести