ВЕСТИ: Нови клубови за Боно и Пинто, нов дил за Н'Гесан

Foto: Rebi Balonmano Cuenca

Португалскиот ракометар Мигел Пинто, играч кој минатата сезона го носеше дресот на Вардар 1961 со кого освои двојна круна во Македонија, денеска е претставен во својот нов клуб. Мигел Пинто кариерата ќе ја продолжи во Шпанија, во екипата на Куенка со која потпиша договор до 2028 година.

Довчерашниот ракометар на Вардар 1961, аргентинскиот плејмејкер Николас Боно е претставен во својот нов клуб, а тоа е екипата на Тулуз од Франција.

Новиот европски шампион Барса, потпиша продолжување на договорот со еден од своите најдобри и најпотценети ракометари – Тимот Н’Гесан. Тој останува верен на каталонскиот клуб најмалку до 2029 година.

Капитенот на репрезентацијата на Полска, Аркадиуш Морито имаше успешна, но сложена операција на рамото. Докторските прогнози се дека може да се врати на терен по шест месеци и има реални шанси да настапи на СП 2027.






 

Поврзани вести