Порто најде замена за тренерот Андерсон

Португалскиот клуб Порто го назначи Карлос Мартинго за тренер на својот прв тим откако шведскиот стратег Магнус Андерсон се нафати да ја води репрезентатција на Норвешка. Кариерата на Мартинго на клупски план главно е поврзана со улога на асистент, но на репрезентативен тој беше најактиниот селектор на младинските категории на Португалија. Патем ја водеше Португалија и на кадетското СП во Македонија во 2019 каде што меѓудругите ги лансираше како репрезентативци и сегашните ѕвезди Мартим Кошта и Салвадор Салвадор.

„Гледачите ќе уживаат кога ќе го гледаат Порто како игра“, им порача Мартинго на сино-белите фанови.

Поврзани вести