Унгарците не сакаат во Европските купови!

Веспрем и Пик Сегед, перјаницата на унгарскиот ракомет и следната сезона сигурно ќе биде во Лигата на шампионите. Во тоа нема никаков сомнеж, а амбиции за ЛШ покажа и финалистот на ЕХФ Куп, Татабања, па и тие аплицираа за играње во елитата. Не им даваме големи шанси да добијат вајлд карта, иако со системот на доделување на 13-14 валјд карти, може да се управува на начин „рачно“ да бидат избрани учесниците, па таму сѐ е можно.
Интересниот дел од Унгарија доаѓа по овие три клуба. Четвртопласирана е екипатата на ФТЦ Ференцварош која е во „животно“ загрижувачки финансиски проблеми. Имаше право да се пријави за Европската лига, но нема да го стори тоа.
Според пласманот на табелата, следни што имаа место во Европа се Балатонфуред кој заврши на петтото место и НЕКА која заврши на шестото. И овие екипи не се пријавија за настап во Европа.
Се пријави седмопласираниот ПЛЕР и тие ќе играат во ЕХФ Куп.
Едно место од Унгарија во ЕХФ Европската лига, останува слободно.
Претходно и женската екипа на Дебрецен одбра да не игра во Европските купови следната сезона. 

Поврзани вести