Младост донесе десен бек од Тунис

Photo: HC Mladost 1977

Новиот суперлигаш, екипата на Младост 1977, денеска го презентираше своето ново засилување. Тоа е втор странец со кого богданчани потпишаа летово, по обновувањето на договорот со голманот Живојин Илиќ.
Новиот играч во Богданци доаѓа од Тунис, 23 годишниот Ахмед Мајдуб од кого богданчани, според најавата имаат големи очекувања.

Со големо задоволство ви го претставуваме нашето најново засилување – Ахмед Мајдуб, 23 години, корпулентен леворак ракометар од Тунис кој од следната сезона ќе го носи дресот на РК Младост 1977!
Младиот туниски интернационалец, кој настапува на десната бековска позиција, доаѓа во нашиот клуб со огромна желба за докажување и дополнителен квалитет во пресрет на суперлигашките предизвици. Мајдоуб зад себе има настапи во македонскиот ракомет и важи за играч со силен шут, брза реализација и голем борбен дух.
Со неговото доаѓање, Младост добива уште една моќна опција во нападот и уште поголема конкуренција во тимот.