Деветти нов играч во Е. Пелистер!

Екипата на Еурофарм Пелистер следната сезона ќе биде побогата за уште еден странски ракометар. Средниот бек Алекса Колаковиќ, досегашен ракометар на екипата на Билер од Франција е претставен како ново, деветто засилување откако за тренер беше назначен Лино Червар. 
Алекса Колковиќ е син на познатата српска ракометарка Сандра Колаковиќ која играше за екипите на Крим и Будуќност. Неговата кариера е поврзана со играње во Франција, во екипите на Санкт Рафаел и Шарт пред да оди во Билер. 
Според објавата на Е. Пелистер, тој би требало да биде последното ново име во тимот. 
 

Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме со доведување на уште еден среден бек. Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски репрезентативец, роден во Подгорица, кој доаѓа во Битола од францускиот ракомет.
По четири сезони во Сант-Рафаел и две во Шартр, Колаковиќ го прифати предизвикот да дојде во најракометниот град и да игра пред најдобрата публика во светот. Средниот бек има шест настапи за српската репрезентација, а настапите во една од најсилните лиги во светот беа добра препорака за трансфер во Битола.
Србинот е деветтото засилување за новиот тренер Лино Червар по: Серафимов, Котар, Мехмедовиќ, Џелетовиќ, Татар, Белистојаноски, Басанесе и Џелиловиќ.

Поврзани вести