Младост го ангажираше пивотот Бојаниќ

Екипата на Младост 1977 Богданци продолжува со составувањето на играчкиот мозаик за повратничкиот настап во македонската Суперлига. Нивниото ново засилување е на линијата, а доаѓа од екипата на Охрид. 
 

РК Младост 1977 со огромно задоволство го претставува едно од најголемите засилувања ова лето !
На позицијата ПИВОТ пристигнува корпулентниот 205 см Владимир Бојаниќ, Српски интернационалец кој неодамна доби македонски пасош!
Борец во одбрана. Непопустлив во напад. Играч кој носи сила, искуство и победнички менталитет.
Поранешниот член на Металопластика, Војводина, Горење Белење, Бешикташ, Охрид, со богато мегународно искуство доаѓа во Богданци.
Со неговото доаѓање, Младост добива нова димензија во играта и јасна порака до сите ривали – Богданци гради тим подготвен за големи предизвици и повторно да стане неосвојлива тврдина како во минатото !

Поврзани вести