Бутел Скопје клуб што годинава прави нов концепт и стратегија под водство на тренерот Стојанче Стоилов го промовираше голманското засилување за следната сезона. Добар и искусен голман доаѓа во редовите на скопскиот тим. Градимир Чаневски, македонски ракометар кој потекнува од Металург, а кој играше и за Вардар, Е. Пелистер и Охрид ќе го чува голот на бутелчани.
Клубот денеска ја потврди информацијата:
Искусниот чувар на мрежата Градимир Чаневски по четири сезони одново ќе го брани голот на Бутел Скопје.
Бутел Скопје и во новата сезона ќе продолжи со македонскиот концепт и со ангажман на домашни ракометари, а Чаневски е првото засилување за составот на новиот наш тренер Стојанче Стоилов.
Чаневски е искусен голман, кој треба да донесе сигурност меѓу стативите, а потекнува од школата на Металург каде остана до 2010 година. Играше и во Вардар до 2014 година, па во Вардар Јуниор две сезони, потоа се пресели во Битола, каде беше дел од Еурофарм Пелистер пет сезони.
Следуваше една сезона во Бутел Скопје, потоа и првото интернационално искуство во Израел, каде стана шампион со Макаби Ришон Ле Зион, а македонскиот голман беше избран и за најдобар на таа позиција во лигата за сезоната 2023/24.
Последните две сезони ги мина на голот на Охрид, а ова лето прави камбек во Бутел Скопје, кој во новата сезона освен на домашна сцена, ќе игра и на меѓународна сцена во ЕХФ Европскиот Куп