Photo © Max Petershans / CC BY-SA 4.0 (via Wikimedia Commons) crop by no credit, CC BY-SA 4.0
Норвежанецот Борге Лунд е официјално претсавен за нов тренер на најпознатиот германски клуб – Кил. Тој доаѓа на местото на Филип Јиха со кого клубот во последните сезони бележеше сѐ полоши резултати и финално, мораше да замине.
Кил ја продолжи праксата на клупата на поставува свои бивши ракометари. Борге Лунд е еден од поранешните ѕвезди на Кил. Играше таму три сезони, од 2007 до 2010 и беше еден од клучните ракометари во челичната одбрана на зебрите.
Неговата тренерска кариера почна во 2016 година како асистент во норвешката репрезентација, а во 2020 го презема тимот на Елверум и оваа екипа под негово водство игра одличен ракомет.
Ако не знаевте: Борге Лунд беше желба на Металург во неговите играчки денови. Распрашување околу таа опција имаше, но веројатно клучен момент што тоа не прерасна во нешто повеќе е несакањето на неговата сопруга да се пресели овде.