Пред македонската кадетска репрезентација (М18) е летниот настап на М18 ЕХФ Еуро што ќе се одржи во Србија.
Првенството почнува на 29 јули, а ќе се игра во Белград. Македонија не може да се пофали дека имаше среќа во ждрепката, па така ќе игра во групата „А“ заедно со репрезентациите на Шведска, Словенија и Франција. Две репрезентации од секоја група проаѓаат во Главната рунда, двете послаби ќе играат во Интермедија групата за пласман од 13-24 место.
Селектор на македонската репрезентација е Горан Кузманоски, а РФМ денеска го официјализираше и неговиот избор на ракометари за настап на претстојното ЕП.