Флензбург одбил 1,5 милион евра отштета!

Како што во моментов стојат работите, данскиот ракометар Симон Питлик ќе го одработи комплетно својот договор со екипата на Флензбург и од сезоната 2027-28 ќе се пресели во својот нов клуб Фуксе Берлин каде што ќе игра заедно со Матијас Гидсел и Дика Мем.

Иако не се кажуваа бројки и шпекулации, скандинавско-германските медиуми открија интересен детал во преговорите меѓу екипите на Берлин и Флензбург за трансфер на данскиот суперстар.
Флензбург наводно одбил рекордна понуда од 1.500.000 евра за уште летово да го продаде Питлик на Берлин, една година пред договореното.

Поврзани вести