Барса го одбра Маркос Фис за замена за Дика Мем


Следното трансфер лето ќе биде одбележано со неколку мега трансфери, дел од нив познати уште од сега. Дика Мем од Барса оди во Фуксе Берлин, Симон Питлик од Флензбург исто така ќе оди во Берлин, а домино ефектот ќе го почувствуваат во Гранољерс и Спортинг Лисабон.

Барса одлучи замена за Дика Мем да биде Маркос Фис. Синот на прославениот кубански ас Хулио Фис во моментов игра за Гранољерс и таму ќе ја мине и следната сезона, под инструкции и надзор и на тренерите на Барса.
Ова го потврди најуспешниот клупски тренер во моментов, Антонио Карлос Ортега кој ја води екипата на Барса. Тој за шпанскиот „Мундо“ за трансферот на Маркос Фис зборуваше како за завршена работа. За него нема дилеми ниту каде ќе заврши нивната прва желба, португалскиот ас Кико Кошта.
Желбата да го ангажираат Франциско Кико Кошта нема да им се исполни, финансиската трка за Португалецот е загубена и тој ќе оди во екипата на Флензбург. Таму нема да боде замена за Питлик кој игра на друга позиција, па Флензбург ќе треба да се „отвори“ на пазарот и за позицијата лев бек. Дали тоа ќе биде Мартим Кошта или некој друг, секако ќе имаме шанса да слушнеме. Финансии очигледно не им се проблем, затоа што според пишувањата на дел од скандинависките медиуми, тие одбиле рекордна отштета за Симон Питлик, наводно од 1,5 милион евра.






 

Поврзани вести