Вардар од последен шешир влегува во ЛШ

Екипата на Вардар 1961 ќе биде дел од ждрепката за Лигата на шампионите што ќе се одржи утре во Виена. Македонскиот првак во ЛШ влезе откако побара надградба од ЕХФ Европската лига и во ждрепката ќе биде во последниот по ранг, четврти шешир.

Вкупно 24 учесници се поделени во четири шешири со по шест екипи од кои ќе бидат формирани шест групи со по четири тима. Вардар нема да може да игра во иста група со екипите на Архус, Партизан, Целје, Криенс Луцерн и Кристијанштат.

Заштита две екипи од иста земја да не може да играат меѓусебе ќе биде поставена, така што нема да видиме во иста група екипи од иста земја. Франција, Германија и Данска, пак, имаат по три тима. За нив ќе важи следното правило.
Првите два тима не само што нема да можат во игра група, туку нема да можат ниту во истата половина од т.н. костур на натпреварувачката шема. Ако на пример еден тим од Германија/Франција/Данска биде извлечен во групата А, Б или Ц, тогаш вториот мора да биде во Д, Е или Ф. Третиот ќе биде без ограничувања, но има уште еден додаток има за овие три земји, а тоа е ако на пример Германија и Франција имаат два тима во А, Б или Ц групите, тогаш данскиот тим мора да биде во Д, Е или Ф.

НОСИТЕЛИ ВО ЖДРЕПКАТА ЗА ЛШ
1 ШЕШИР: Алборг, Барса, Нант, Магдебург, Веспрем, Спортинг
2 ШЕШИР: Монпеље, ПСЖ, Берлин, Мелсунген, Пик Сегед, Келце
3 ШЕШИР: Загреб, ГОГ, Колстад, Висла Плоцк, Порто, Динамо Букурешт
4 ШРШИР: Архус, Вардар 1961, Целје, Партизан, Криенс Луцерн, Кристијанштат




 

Поврзани вести