Македонските екипи против најдобрите од Србија на стартот на Регионалната лига

Регионалната лига што ќе почне да се игра летово ќе стартува со двојно гостување на топ фаворитот Партизан во Македонија во рамките на групата „А“. Оваа прва сезона во Регионалната лига веројатно ќе биде демо сезона во која меѓудругото ќе се појавуваат и исправуваат недостатоци, подложна е на промена на термините.

На воведот, најдобрите македонски екипи ќе играат со најдобрите од Србија. На 23 август, Партизан ќе гостува во Битола и ќе се сретне со екипата на Еурофарм Пелистер. Три дена подоцна, избраниците на Раул Гонзалез ќе играат во Автокоманда против екипата на Алкалоид, кој пак во првото коло ќе биде слободен, па така и за Алкалоид и за Еурофарм Пелистер, Регионалната лига ќе стартува со меч со Партизан.
Во оваа група се уште и екипите на Дубочица и Ловќен.

Во групата „Б“ ситуацијата е слична со тоа што екипите на Вардар 1961 и ГРК Охрид премиерните натпревари ќе ги имаат против екипата на Војводина. Двата натпревари ќе се играат во Македонија, со тоа што натпреварот што екипите на ГРК Охрид и Војводина ќе го одиграат во рамките на турнирот во Охрид, ќе се бодува и за Регионалната лига. Во оваа група ќе се натпреваруваат уште и екипите на Будва и Динамо Панчево.

Резултатите на екипите што ќе бидат остварени во домашното првенство ќе се бодуваат и во Регионалната лига.

Поврзани вести