Нант, Мелсунген и Висла се противниците на Вардар. Македонскиот тим може да биде задоволен со ждрепката.
Во првата фаза сите екипи во групите ќе играат меѓусебе на домашен и гостински терен, а потоа ЛШ ќе се подели.
Подобрите две екипи од секоја група ќе продолжат во Главната фаза каде што групите А, Б и Ц ќе формираат една, а групите Д, Е, и Ф ќе формираат уште една група во која ќе има по шест тима, а бодовите освоени во меѓусебните натпревари ќе се пренесат.
Двете послаби екипи ќе продолжат во ЕХФ Европската лига.
Во следната фаза, четирите најдобри екипи од секоја група ќе продолжат во 1/4 финалето на ЛШ. За последните во групата настапот завршува, а петтопласираните екипи ќе се приклучат на Топ 16 во ЕХФ Европската лига.
Потоа следуваат елиминации и Фајналфор завршница.
ГРУПИ НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ
ГРУПА „А“ - Веспрем, Берлин, Порто, Партизан
ГРУПА „Б“ - Нант, Мелсунген, Висла Плоцк, Вардар 1961
ГРУПА „Ц“ - Алборг, ПСЖ, Загреб, Целје
ГРУПА „Д“ - Спортинг, ПИК Сегед, ГОГ, Кристијанштат
ГРУПА „Е“ - Барса, Монпеље, Динамо (Б), Архус
ГРУПА „Ф“ - Магдебург, Келце, Колстад, Криенс Луцерн
Поврзани вести