Грузискиот ракометар Темураз Орјоникидѕе, ракометар кој добар дел од својата кариера ја мина во Македонија, последно во ГРК Охрид, потпиша договор со романската екипа Турда и следната сезона ќе биде дел од романскиот шампионат.
По Хорхе Македа кој го замени Келце со екипата на Сиудад Реал, уште една голема шпанска звезда ја напушта големата сцена и следната сезона ќе игра во својата земја како ветеран. Едуардо Гурбиндо, леворакиот шпански бек кој во 2021 кратко беше член на Вардар, откако го одработи двегодишниот договор со турскиот Бешикташ, на возраст од 38 години се враќа во Шпанија и кариерата ќе продолжи како играч на Анаитасуна.
Десниот бек Баптис Одифред кој минатата сезона играше за екипата на Еурофарм Пелистер 2, следната сезона ќе игра во Асобал лигата во редовите на тимот на Нава.
Габриел Кавалканти, Стивен Валенсија, Мигел Санчез, Ранхел да Роса, Рение Табоада, Ел Корчи и Кристијан Олсен се седумте ракометари кои ова лето ќе си заминат од екипата на Бенфика. Дел од нив имаа важна улога во креирањето на играта на екипата и по нивното заминување, Бенфика ќе има сосема нова физиономија.
Екипата на Спортинг почна да се подготвува за заминувањето на браќата Мартим и Кико Кошта. Тие за трансферот на своите двајца најдобри ракометари ќе инкасираат околу 2 милиони евра и ќе имаат доволно пари за скапи засилувања.
Се чини нема да брзаат со трошењето. Првото име што се споменува за доаѓање не е звучно. Кристијан Манојловиќ, 20 годишеб италијански играч со хрватско потекло, во моментов член на романскиот Темишвар е првиот што ќе ја пополнува празнината што ќе ја остави Мартим Кошта.
Поврзани вести