Фарук Мемиќ останува во Е. Пелистер

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Три дена откако објави дека се разделува со РК Еурофарм Пелистер, тренерот Фарук Мемиќ со нова објава информира дека откако разговарале, нашле заеднички јазик и ќе остане во клубот и понатаму:

Во изминатите неколку дена добив огромна поддршка. Посебно ме допреа пораките од децата со кои работев сите овие години. Нивната искрена желба да продолжиме заедно, нивната доверба и љубов кон нашата работа беа нешто што навистина ме натера повторно да размислам.
Во исто време, добив искрена поддршка и од раководството на клубот. Разговаравме отворено, ги споделивме нашите ставови и заеднички дојдовме до заклучок дека најдоброто решение е да продолжиме по истиот пат.

Затоа, со големо задоволство можам да кажам дека останувам дел од РК Еурофарм Пелистер.

Им благодарам на сите што веруваа во мене – на моите играчи, нивните родители, колегите, раководството на клубот и на сите кои ми испратија порака или ми дадоа поддршка.

Поврзани вести