Дилан Наи се враќа во ПСЖ

Photo: IHF/International Handball Federation

Репрезентативното крило на Франција, Дилан Наи, по пет години минати во екипата на Келце од Полска, од сезоната 2027/28 повторно ќе игра за екипата на Пари Сен Жермен.
Кариерата на овој 26 годишен ракометар е поделена на два дела. Пет години мина во редовите на ПСЖ, пет во екипата на Келце. Новиот договор е важечки до 2031 година.
Со потврдата на овој трансфер е комплетирана уште една шпекулација, а сега очекуваме потврда дека и другото француско крило, Беноа Конку ќе се врати во ПСЖ што е исто така актуелна шпекулација подолго време.

Поврзани вести