Тодески останува во Бутел Скопје

Стојанче Стоилов, новиот тренер на скопски Бутел продолжува со комплетирањето на првиот тим што самостојно ќе го води во Суперлигата. Клубот минува низ поголеми играчки промени, но дел од ракометарите остануваат во истиот строј.
Левиот бек Теодор Тодески и во следните две сезони ќе биде дел од екипата на Бутел Скопје. Овој скопски клуб денеска ја официјализираше новодоговорената соработка.
Тодески во Бутел Скопје дојде од редовите на Алкалоид каде што, пак, премина од Металург. Во своето ракометно резиме има запишано и настапи во јуниорската репрезентација на Македонија.

Поврзани вести