Во АЕК со петиција си ги бараат платите

Контроверзите околу екипата на АЕК од Грција не престануваат, ниту на домашната сцена. Годинава тие ќе смеат да играат во Европа откако одработија една година од суспензијата изречена од ЕХФ затоа што одбија да го играат финалето на ЕХФ Куп во Скопје. Но, ако се прашуваат дел од нивните ракометари, ЕХФ би требало да им ја продолжи суспензијата или да им воведе други казнени мерки.
Дел од ракометарите на АЕК не се исплатени за минатата сезона. Разговорите со клубот дошле до точка да не им одговараат на пораките и да не им се јавуваат на повиците. Затоа тие покренаа петиција за исплата на нивните плати и го информираа ЕХФ за ситуацијата во клубот.

Поврзани вести