Пропадна големиот проект на САД за предолимписка промоција на ракометот. Тоа што требаше да биде спектакл се претвори во фијаско. Беше најавен голем турнир што ќе се одржи во Лас Вегас каде што ќе настапат најдобрите европски екипи. Требаше да играат Алборг, Берлин, Нант, Пик Сегед, Ѓер, Брест, Одензе... Летен супер турнир, на кој освен прошетката до Лас Вегас, овие екипи требаше и да заработат.
Првиот аларм се вклучи кога турнирот, оригинално планиран за во август од Лас Вегас беше преселен во Европа. Пропадна големата американска промоција, но остна приказната за турнирот.
Сега тој дефинитивно е откажан, а споменатите екипи кои во своите планови и летни подготовки имаа убава приказна и уште ќе заработеа, сега треба да прават нови планови.
Реакции во прв момент има најмногу во Данска, од екипата на Алборг од каде е најавена и можна судска разрешница.
Хрватскиот пивот Кајо Цикатиќ во Македонија познат по трансферот во Е. Пелистер повторно е интернационалец. Тој откако замина од Битола се пресели во хрватскиот тим Чаковец, а од следната сезона ќе биде ракометар на полската екипа Гвардиа Ополе. Овој клуб донесе и звучно засилување, а е тоа е романскиот бек Дан Емил Ракотеа.
Поранешниот пикер на Вардар, полскиот ракометар Патрик Валчак се раздели од екипата на Загреб и следната сезона ќе игра во Полскка, во тимот на Вибжеже Гдањск.
Полскиот ракометар Марек Марчињак минатата сезона ја комплетираше во Вардар 1961 по што се враќа во својата татковина и во следната сезона ќе игра во томот на Сласк Вроцлав.
Поранешниот шпански ас, Алберто Ентрериос, го продолжи договорот со екипата на Лимож и ќе биде нивни тренер најмалку до 2030. Ентрериос на кормиото на Лимож дојде во 2022 и оттогаш клубот почна да се движи во нагорна линија.
Поврзани вести